Пресврт Манчестер Јунајтед: Манчини би можел да го наследи Аморим!?

Поранешниот тренер на Манчестер Сити и екс италијански селектор, Роберто Манчини би можел да биде изненадувачки кандидат за работата во Манчестер Јунајтед, ако клубот се одлучи да се раздели со Рубен Аморим, пишува „Сан“ од извори блиски до Итлаијанецот.

Манчини е без работа откако ја напушти функцијата селектор на Саудиска Арабија пред една година. Според извештаите, Манчини е во добри односи со еден од сопствениците на клубот, Сер Џим Ретклив, затоа што се сретнал со него на неколку настани.

Италијанецот има култен статус меѓу навивачите на Манчестер Сити, затоа што го донесе првиот трофеј во 2011 година после 34 години за „Граѓаните“. Една година подоцна ја освои и шампионската титула. По Сити, Манчини работеше во Галатасарај, Интер, Зенит, репрезентацијата на Италија со која стана европски првак, и на крај во селекцијата на Саудиска Арабија каде се задржа помалку од една година.

Се вчитува...