Сензација на ЗОИ – Словачка преку САД до полуфинале

Репрезентацијата на Словачка приреди вистинска сезнација на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг совладувајќи ги фаворизираните Соединети Американски Држави.

Тие во четвртфиналниот меч успеаја по изведување на пенали да слават над Американците со 1-0, откако по регуларните 60 минути плус продолженијата од 10 натптреварот заврши без победник 2-2.

Словаците поведоа со голот на Слафковски во 12. минута од мечот. До крајот на првата третина Американците израмнија со погодокот на Абрузиси во последната минута. Во втората третина Хенгти донесе водство за САД од 2-1, кое го држеа се до последната минута од мечот кога на 2-2 израмни Хривик.

По дополнителните 10 минути мируваа мрежите, а во пенал рулетот единствено прецизен беше Чехларик кој ги донесе Словаците на чекор од медал на игрите во Пекинг.

Се вчитува...