Сензација: Наоми Осака го освои Индијан Велс

Наоми Осака е сензационална победничка на силниот турнир во Индијан Велс, откако јапонската тенисерка во големото финале беше подобра од Дариа Касаткина од Русија, 6-3, 6-2.

Титулата е сосема заслужена ако се знае дека Јапонката играше извонредно цел турнир, претходно ги совлада со по 2-0 во сетови и Каролина Плишкова и Симона Халеп, за вечерва во ист ритам да го одигра и големото финале.

Оваа 20-годишна тенисерка воедно е и најмладата шампионка на Индијан Велс откако Ана Ивановиќ се закити со трофејот на овој турнир во 2008 година.

Се вчитува...