Сензација во Индијан Велс: Надал на колена пред „тинејџерот“ од САД – Фриц до прва Мастерс титула во кариерата

Тинејџерот од Филаделфија, Тејлор Фриц приреди вистинска сензација на туринирот во Индијан Велс, успевајќи да му ја заврши победничката серија на Рафаел Надал и да слави во големото финале со 0-2 во сетови (3-6, 6-7), победа со која Американецот дојде до првата Мастерс титула на овој турнир.

Фриц одигра феномеланен натпревар и е првиот кој славеше над 21-кратниот Грен Слем шампион во актуелната календарска година, или по 20 победи во низа на Шпанецот. Во првиот сет Фриц тргна одлично и уште на стартот поведе со 0-4, а потоа иако паднаа уште два брејка, не беше доведена под знак прашалник воведната предност во дуелот.

Во вториот сет, пак, двајцата направија по еден брејк. Откако Фриц не искористи меч-поен при предност од 4-5, Надал изедначи, па мечот замина во тај-брејк во кој како клучна се покажа играта на Фриц кога од предност 5-4 за Надал, ги казни грешките на противникот и направи два брејка, а потоа искористи свој сервис за голема победа.

Фриц е првиот тенисер од Соединетите Американски Држави кој освоил АТП Мастерс од 2018 година, или првиот од САД со триумф на Индијан Велс од 2001 година кога последен пат трофејот го крена домашниот ас Андре Агаси.

Се вчитува...