Репрезентацијата на САД во кошарка доживеа пораз во квалификациите за СП. По тешката победа над Куба, кошаркарите на САД беа поразени од Мексико со 88:97.
Сепак, во составот на Американците нема ниту еден кошаркар од НБА лигата, а најзвучно име е Ајзеја Томас, поранешниот НБА играч кој сега не е дел од најквалитетната лига во Светот.
САД одлично го одиграа првиот дел, и имаа водство од девет разлика, но во второто полувреме Мексико направи пресврт и го доби натпреварот. Клучен беше третиот период кој Мексиканците го добија со 31:12.
Сепак, Американците се очекува дека без проблеми ќе се пласираат на Мундобаскетот 2023 година. А, таму исто така се очекува селекцијата да биде составена од НБА играчи и да биде далеку поквалитетна од сегашната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА