Сензација во ЛШ: Монпелје го прегази Кил и е на чекор до Ф4

Ракометарите на францускиот Монпелје приредија вистинска сензација откако вечерва на домашен терен го прегазија германскиот Кил со 39-30 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Домаќините одиграа неверојатно прво полувреме во кое на противникот успеаја да му дадат дваесет гола и веќе на пауза да имаат плус четири 20-16. Во вториот дел домаќините само ја зголемија разликата за убедливи 39-30.

Пелас и Лене со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Ерик Јохансон постигна осум гола.

Реваншот е за седум дена во Германија.

Се вчитува...