Сензација во Мадрид – Кадиз до полн плен против „бледите кралеви“ (ВИДЕО)

Кадиз приреди сензација откако го совлада актуелниот шампион Реал Мадрид на гости со 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 16. минута од натпреварот кога Антони Лозано донесе водство од 0-1, на асистенција на искусниот Алваро Негредо.

До крајот на мечот „кралевите“ се обидуваа да се вратат на игра, но изгледа премногу споро и недоволно конкретно. Имаа неколку шанси кои не ги искористија, а во 80. минута на Реал Мадрид му беше поништен гол, бидејќи Бензема кој му асистираше на Лука Јовиќ беше во офсајд позиција.

И покрај поразот Реал Мадрид останува прв на првенствената табела со 10 бода исто колку што има и денешниот противник, но Кадиз има натпревар повеќе од „кралевите“.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...