Сензација во Монтреал: Надал исфрлен од Канаѓенецот Шаповалов

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов приреди вистинска сензација пласирајќи се во четвртфиналето на Мастерсот во Монтреал. Тој во третото коло го исфрли Шпанецот Рафаел Надал победувајќи со 3-6,6-4,7-6.

Надал сигурно го освои првиот сет, но се понатака беше подобра игра на Канаѓанецот кој сосема заслужено стигна до триумфот. Во четвртфиналето Шаповалов ќе игра против францускиот тенисер Адриан Манарин.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Роџер Федерер кој во три сета беше подобар од Давид Ферер победувајќи со 4-6,6-4,6-2. Федерер во четвртфиналето го чека уште еден Шпанец, Роберто Баутиста.

Се вчитува...