Сензација во Пјонгчанг: Германија во финалето во хокеј на мраз

Репрезентацијата на Германија приреди апсолутна сензација на турнирот во хокеј на мраз на ЗОИ во Пјонгчанг, пласирајќи се во големото финале по победата над бранителот на трофејот Канада од 4-3. Германците влегоа во дуелот полни со самодоверба по четвртфиналниот триумф над вицешампионот Шведска, па со импресивна игра поведоа со 4-1 по првите две третини. Канаѓаните заиграа фуриозно во последниот период, намалија на 4-3, но немаа сили за целосен камбек, па Германија стигна до своето прво олимписко финале во историјата.

Германците за противник во големото финале ќе ја имаат Русија, која во првиот полуфинален дуел ја совлада Чешка со 3-0, за свое прво олимписко финале по пауза од 20 години.

Се вчитува...