Сензација во Шангај, Циципас со пресврт до победа над Ѓоковиќ

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас приреди сензација на АТП Мастерс 1000 турнирот во Шангај, откако во четвртфиналето со пресврт го совлада првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ со 2-1, по сетови (3-6, 7-5 и 6-3).

Србинот подобро го отвори мечот и се 6-3 го освои првиот сет. Се очекуваше тој рутински да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во Шангај, но сепак така не мислеше Циципас. Во неизвесниот втор сет успеа да слави со 7-5, а потоа да одигра уште подобро во решавачкиот трет и да го добие со 6-3. Во полуфиналето тој ќе игра против Данил Медведев од Русија кој утрово беше подобар од Фабио Фоњини со 2-0 (6-3 и 7-6).

Се вчитува...