Јапонија ја изненади Црна Гора на ракометниот турнир

Домаќинот на Летните олимписки игри во Токио, Јапонија стигна до сензационална победа над Црна Гора од 29-26. Првите триесет минути поминаа во израмнета игра, а домаќинките на пауза заминаа со минимално водство од 14-13. И вториот дел Јапонките продолжија во ист ритам и со одлична игра особено во фазата на напад успеаја да стигнат до првата победа на игрите во Токио.

По шест гола во победничкиот табор постигнаа Ајака Икехара и Нозоми Хара, додека кај Црна Гора со истиот број на погодоци заврши Татјана Брновиќ.

Во вториот меч од денешната понуда Бразил без проблеми славеше над Унгарија со 33-27. Бело беше незапирлива во бразилскиот табор постигнувајќи 12 погодоци, додека најефикасна кај Унгарија беше Шолоши – Зачик со шест гола.

Се вчитува...