Сензационален развој: Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид?

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не сака да се врати во Италија по пандемијата со коронавирусот, туку сака повторно да го облече дресот на Реал Мадрид, тврди „Калчо Меркато“. По неполни две сезони минати во дресот на италијанскиот првак, Роналдо сепак сфатил дека премногу му недостига „Сантијаго Бернабеу“ и животот во Мадрид. Согласна со тоа е и неговата партнерка Џорџина, а агентот Жорге Мендеш е задолжен да го изведе неговото враќање назад во Реал Мадрид.

Јувентус веќе најави дека можеби и ќе мора да го продаде Кристијано Роналдо кој заработува 32 милиони евра годишно и по финансиската криза предизвикана од коронавирусот ќе биде преголем товар во буџетот на клубот. Француските медиуми најавија дека ПСЖ е подготвен веднаш да прифати таква можност, но Роналдо единствено сака да се врати во Мадрид.

Роналдо во 2018 година го напушти „Сантијаго Бернабеу“ за 100 милиони евра и се пресели во Торино. Јувентус отпочна преговори и за продолжување на договорот за една сезона, но пред да се случи глобалната криза со Covid-19. Семејството на Роналдо е исплашено од враќањето во Италија и поради последиците од коронавирусот, но пандемијата одзема многу човечки животи и во Шпанија.

 

Се вчитува...