Ливерпул вчера го претрпе четвртиот пораз по ред во Премиерлигата, и тимот сега е далеку од одбрана на шампионската титула освоена минатата сезона, во дебито на тренерот Арне Слот. Холанѓанецот, се чини, оваа сезона ги губи конците од раце, па затоа според англиските медиуми, сопствениците веќе му подготвуваат отказ, и бараат негова замена.
Газдите на клубот се подготвени да го убедуваат Јирген Клоп да се врати во екипата, ако игрите и резултатите под водство на Слот не се подобрат.
Арне Слот го претрпе петиот пораз во шест одиграни натпревари, а тимот доживеа пораз од Манчестер Јунајтед на домашен терен, а тимот од „Олд Трафорд“ го престигна шампионот на табелата.
Според англиските медиуми, Слот и натаму е сигурен на позицијата, и тоа најмногу благодарение на титулата освоена минатата сезона, меѓутоа веќе почнаа да комуницираат за Клоп за негово сензационално враќање.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Liverpool owners believe that Jurgen Klöpp might be open for a sensational return to Liverpool.
— @indykaila pic.twitter.com/9NbHIs8lSh
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) October 26, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

