Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, 84-годишниот Сер Алекс Фергусон, заврши болница непосредно пред денешното дерби против Ливерпул и мораше да го напушти стадионот „Олд Трафорд“ дури и пред почетокот на натпреварот, објави „Сан“ .
Фергусон беше на стадионот пред натпреварот од Премиер лигата. Кратко пред првиот свиреж на судијата, тој се пожали на здравствена состојба. Му беше укажана медицинска помош од медицинскиот персонал во тунелот на стадионот на Манчестер Јунјатед, по што беше однесен во амбулантно возило на преглед.
Извор за „СанСпорт“ изјави дека Фергусон бил во амбулантното возило и дека е „добро“. Откако бил прегледан, легендарниот шкотски менаџер го напуштил „Олд Трафорд“ и се упатил кон дома. Манчестер Јунајтед одбил да коментира за состојбата на тренерот.
Фергусон е редовен учесник на домашните натпревари на Манчестер Јунајтед и има место во директорската ложа на „Олд Трафорд“. Тој беше амбасадор на клубот 12 години откако се пензионираше од менаџерската позиција во 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
