Македонската ракометна репрезентација низ последните два квалификациски меча во обид за место на уште едно големо натпреварување, овој пат пласман на Европското првенство 2026 година.
Избраниците на Кире Лазаров ги очекува гостувањето против Естонија, а потоа и клучната средба против Литванија на домашен терен во мечот за заверка на нов европски билет.
Факт е дека Македонија се соочува со проблеми околу играчкиот кадар поради отсуствата на Марко Митев, Игор Ѓоргиев и Мартин Велковски, но сите оние кои се на располагање на Лазаров веруваат во капацитетот да дојдат до посакуваниот пласман на ЕП.
„Најпрво целата концентрација е на натпреварот со Естонија на кој едноставно мора да победиме. Потоа е одлучувачкиот дуел против Литванија, на кој верувам дека со помош на навивачите ќе се избориме за посакуваниот триумф“ – вели Мартин Серафимов, притоа дополнувајќи:
„Имаме проблеми со повредите, недостасуваат неколку важни за нас ракометари но и тоа како носиме мотив за максимално надигрување со пртивниците. Сите кои сме тука сме подготвени да се избориме за посакуваните резултати“.
Натпреварот против Естонија се игра на 8 мај во Талин, додека дуелот со Литванија е закажан за 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА