Мартин Серафимов е најзвучното домашно засилување што Е. Пелистер го ангажираше летово, долгогодишниот репрезентативец ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десен бек и ќе биде значаен адут на тренерот Лино Червар во сезоната што следи.
Доскорешниот играч на Алкалоид не го крие задоволството што е дел од битолскиот колектив, но и од можноста повторно да соработува со Червар.
„Нема да лажам, Пелистер и Битола беа моја голема желба во текот на кариерата. Секогаш доаѓав тука како гостин, со противничката екипа и ја чувствував одличната атмосфера. Сепак, сега мојата улога ќе биде поинаква. Едвај чекам да излезам на теренот и да заиграм со моите соиграчи. Можам да гарантирам дека ќе го оставаме срцето на терен и ќе се трудиме да оствариме добри резултати. Тука има многу добри ракометари и репрезентативци на Македонија.
Полека се запознаваме со странските засилувања, а тука е и Лино (Червар), со кого се знаеме уште од моите почетоци во тимот на Металург. Сум го гледал како Бог и како татко на ракометот, знам дека од него можам уште многу да научам и се надевам дека ќе имам голем придонес за тимот“, истакна Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
