Сердарушиќ: Мило ми е што ќе се разделам со ПСЖ, но жалам што не ја освоив ЛШ

Звонимир Нока Сердарушиќ синоќа со ПСЖ се израдува на шампионската титула во Франција, за заокружување на успешната тренерска кариера на овој искусен стручњак. Трофејниот стратег си заминува од клупата на францускиот клуб и ќе му го препушти своето место на Раул Гонзалес, а Сердарушиќ на крајот од оваа авантура јасно става до знаење дека му е потребен одмор.

Да бидам искрен, мило ми е што е крај, што конечно ќе добијам малку мир. Нема веќе да одговарам на новинарски прашања, да држам тренинзи, да се потам во спортски сали. Можеби чувството ќе ми се промени по десетина дена откако целосно ќе се одморам, но во моментов сум среќен што се е готово“ – изјави Сердарушиќ во интервју за весникот Л’Екип.

Тој сепак не ја оствари клучната цел – освојување на трофејот во Лигата на шампионите, откако лани во финалето загуби од  Вардар, а годинава во полуфиналето во Келн беше поразен од Кире Лазаров и Нант.

„Севкупно гледано, задоволен сум бидејќи освоивме пехари во првенството, во Купот на Франција и во лига-купот. Секако дека сакав да се пензионирам со титула во ЛШ, но тоа не е лесно, Монпелје чекаше 15 години за да освои нов трофеј. Можеби ПСЖ ќе мора да почека уште неколку години за својот прв пехар, ќе видиме, никој не знае што носи иднината“ – истакнува Нока Сердарушиќ.

Се вчитува...