Серџо Скариоло е нов тренер на Реал Мадрид

И официјално Серџо Скариоло е наследник на Чус Матео на клупата на Реал Мадрид. На тој начин се враќа на клупата на Реал, откако веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.

Откако го напушти Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и на Светското првенство во 2019 година.

Тој исто така беше менаџер на многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.

Се вчитува...