Серена: Да го направев јас тоа, сега ќе бев во затвор

Американската тенисерка Серена Вилијамс смета дека постојат двојни стандарди кога е во прашање казнувањето на играчите поради постапките на теренот.

Неодамна Александар Зверев беше дисквалификуван од турнирот во Акапулко, бидејќи по завршување на меч во двојки го нападна главниот судија. Сепак, дисквалификацијата и казната важеше само за тој турнир, а тој веќе се врати викендов со настапи во Дејвис купот.

„Постојат двојни стандарди. Да го направев јас истото што го направи Зверев, сега сигурно ќе бев во затвор“, изјави Серена. 

За потсетувањет Американката последниот меч го одигра на Вимблдон минатата година, кога поради повреда мораше да го предаде мечот во првото коло.

Се вчитува...