Серена и Надал ќе бидат дел од турнирите во Канада

Серена Вилијамс и Рафаел Надал потврдија дека ќе биде дел од Роџерс купот кој од 6. до 14. август годинава ќе се игра во Торонто и Монтреал. Традиционално канадскиот мастерс се одржува во август месец, а секоја година најдобрите тенисери и тенисерки ги ротираат двата града во државата, Торонто и Монтреал.

Годинава дамите ќе биде во Торонто, а дел од турнирот ќе биде и Серена Вилијамс. Мажите од друга страна ќе играат во Монтреал, а учеството на турнирот го пријави и 22-кратниот гранд-слем шампион, Рафаел Надал.

Покрај Рафаел Надал своето учество во Монтреал го потврдија и Медведев, Циципас, Руд и Алкараз, а се очекува да се види каква ќе биде одлуката за Новак Ѓоковиќ кој поради тоа што не е вакциниран не смее да влезе во САД и Канада.

 

Се вчитува...