Серена се повлече од Мастерсот во Мадрид

Поранешната тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс се повлече од Мастерсот во Мадрид кој ќе се одржува следната недела. Вилијамс соопшти дека по паузата поради мајчинство, потребно и е подолго време за подготовка за турнирите на земјена подлога. Америкнаката со 23 гранслем титули годинава настапуваше на Индијан Велс и на Мајами опен, но доживеа рани елиминации. Тоа и беа единствените настапи на ВТА турнири во 2018 година.

Серена Вилијамс има две титули од Мадрид. На овој турнир триумфираше во 2012 и во 2013 година.

„Исклучително ни е жал што Серена нема да биде во Мадрид. Таа е една од најголемите имиња на нашиот спорт, нејзиното присуство секогаш привлеку внимание. Се надевам дека повторно ќе ја гледаме на следните изданија на турнирот во Мадрид“ – изјави организаторот Маноло Сантана.

Серена Вилијамс од септември минатата година правеше неколкумесечна пауза поради мајчинство. Оваа година има одиграно четири сингл мечеви.

 

Се вчитува...