Серена: Секој пат кога сакам да се вратам ќе се сетам на 8 часовните тренинзи

Серена Вилијамс се повлече од светот на тенисот на минатогодишниот УС Опен. Сепак, сопственичката на 23 гранд-слем титули во сингл призна дека размислувала за камбек.

Таа вели дека во првите неколку месеци била прилично растргната околу тоа дали да се врати од пензија.

„Секогаш кога ќе го пропуштав тенисот, се сеќавав на деновите кога тренирав осум часа. Така што сега не е толку лошо. Знам дека се уште можам да бидам на многу високо ниво. И секогаш сакав да заминам кога бев на врвот. Сепак, тешко е кога знаете дека пропуштате некои можности и дека се уште имате многу да понудите. Сепак, секој ден се помалку ми недостига тенисот“, изјави Американката.

Се вчитува...