Серена сигурна, Плишкова и Венус низ „иглени уши“

Серена Вилијамс без никакви проблеми стартуваше во првото коло на Вимблдон славејќи против Холанѓанката Аранча Рус во два сета со 7-5,6-3.

И, ако Серена лесно се пласираше во следното коло далеку потешко пласман понатаму обезбедија Каролина Плишкова и Венус Вилијамс. Плишкова по голема битка во три сета беше подобра од Британката Дарт со 7-6(2), 2-6, 6-1, а нешто слично мина и Венус која со пресврт славеше против Швеѓанката Ларсон.

Вистинско изненадување приреди и Дона Векиќ која ја елиминираше фаворизираната Слоун Стивенс, финалистката од Ролан Гарос и актуелната шампионка на УС Опен, победувајќи со 6-1,6-3.

Каролина Вознијацки како брз воз мина покрај Варвара Лепченко победувајќи со 6-0,6-3, а лесна победа извојува и Медисон Киз од САД победувајќи со 6-4,6-2 против Австралијката со хрватско потекло, Томљановиќ.

Се вчитува...