Серезо: Гризман останува во Атлетико – 1.000 проценти!

Претседателот на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, ги отфрли сите шпекулации за наводното заминување на Антоан Гризман. Тој гарантира дека Французинот и следната сезона ќе игра на „Ванда Метрополитано“.

„Можам да потврдам дека Гризман „1.000 проценти“ ќе остане во Атлетико Мадрид и следната сезона. Друг коментар на оваа тема не е потребен“, изјави претседателот на Атлетико Мадрид.

Антоан Гризман оваа сезона постигна 18 голови на 40 натпревари во дресот на мадридскиот клуб, а за него најзаинтересирана е Барселона.

Се вчитува...