Серхио Рамос мислеше дека е готово во Амстердам…

Реал Мадрид доживеа класичен нокаут од Ајакс (1-4) на „Сантијаго Бернабеу“ и ја остави круната во Лигата на шампионите. По триумфот од 1-2 во Амстердам никој не очекуваше вакво чудо на холандскиот тим во Мадрид. Сепак, Тадиќ и соиграчите ги понижија „кралевите“.

Ќе се бараат виновниците во составот на Реал Мадрид, а секако ќе се потсетат и на жолтиот картон на Серхио Рамос, кој намерно го доби во последните мигови од мечот во Амстердам. Потоа доби и суспензија од УЕФА за уште еден дополнителен натпревар, кој ќе го „одлежи“ следната сезона.

Се вчитува...