Серхио Рамос откри кој му е најомилен гол во кариерата (ВИДЕО)

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го постигна 100 гол во кариерата за Реал Мадрид. И покрај тоа што игра во одбраната тој во кариерата постигна многу важни голови за „кралевите“, а во една изјава откри кој му е омилен од овие 100.

„Секој гол за мене е како дете. Не е лесно да се одбере еден. Но, секако постои еден посебен. Голот кој ме дефинира како фудбалер е оној во Лисабон во финалето на ЛШ против Атлетико Мадрид“, изјави Рамос. 

 

Се вчитува...