Серхио Родригез се врати во Реал Мадрид како спортски директор

Поранешниот шпански репрезентативец, Серхио Родригез, се врати во Реал Мадрид, овој пат како спортски директор, официјално наследувајќи го Алберто Херерос.

Серхио Родригез ја заврши кариерата во јуни 2024 година. Освои 28 трофеи, а најголеми успеси му беа двете светски титули со Шпанија, златниот медал на Евробаскетот 2015 и второто место на Олимписките игри во 2012 година.

Една од првите задачи на популарниот Чачо како спортски директор на Реал Мадрид ќе биде да пронајде нов тренер. Чус Матео нема да остане на чело на „белите“, и покрај освојувањето на титулата. Тоа беше шестиот трофеј за шпанскиот стручњак во трите сезони во кои беше на чело на шпанскиот гигант.

Се вчитува...