Серија А бара спас во Соединетите Американски Држави

Реноминираниот „Финеншл тајмс“ објави дека американскиот инвестициски фонд „Бејн кепитал“ понудил три милијарди евра за да откупи 20 отсто од акциите на Серија А. Италијанската лига претрпе големи финансиски загуби поради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирусот, па сега бара инвиститори кои би помогнале во стабилизирање на состојбата.

Лигата им е интересна на Американците, бидејќи по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус нагло се зголеми вредноста на ТВ правата. Серија А од ТВ права во сезоната 2018/2019 заработи околу 1.3 милијарди евра, што е 60 отсто од вкупниот приход кој изнесува 2,5 милијарди евра.

Се вчитува...