Серија А ќе биде прекината?

Натпреварувањето во Серија А би можело да биде стопирано по последните мерки кои ги презеде италијанската влада. Имено, во 11 провинции меѓу кои е и најзагрозената Ломбардија прогласена е црвена тревога, односно движењето на отворено е сведено на минимум.

Со последната одлука се затворени училиштата, базените, фитнес центрите, кината, музеите и театрите. Нема ниту венчавки, погреби, додека отворени се само рестораните кои можат да обезбедат доволна раздалеченост меѓу гостите.

По оваа одлука претседателот на Асоцијацијата на професионални фудбалери, Дамиано Томаси побара да се прекине натпреварувањето.

„Да го прекинеме првенството. Што треба друго? Мораме да го сопреме фудбалот“, напиша на социјалните мрежи Томаси. 

Сепак, се уште нема донесено одлука и се очекува натпреварите кои се закажани за денеска да бидат одиграни, меѓу кои е и дербито меѓу Јувентус и Интер. А каква ќе биде судбината на сезоната во италијанското првенство останува да видиме.

Се вчитува...