Серија А комплетно ќе се доигра кога ќе биде победен коронавирусот

Италијанските калчолигаши ја одбиле солуцијата шампионатот да се доигра по забрзан систем во облик на плејоф и плејаут. Преку конференциска врска, Серија А имала разговори со раководствата на сите клубови и донесен е став сепак лигата да се доигра комплетно откако ќе биде победен коронавирусот во Италија.

„Ставот на Серија А е во согласност со останатите шампионати во Европа, а тоа значи комплетирање на првенството во наредните месеци, односно кога ќе бидат обезбеди услови за такво нешто. Серија А ќе формира комисии кои ќе ја следат состојбата по што ќе бидат носени и следни одлуки“, се вели во соопштението на Серија А.

Се вчитува...