Серија А суспендирана поради коронавирусот

Фудбал нема да има во Италија до 3 април. Суспендиран е шампионатот во Серија А поради се поголемата експанзија на коронавирусот на Апенините. Италијанскиот олимписки комитет донесе одлука да бидат откажани сите спортски настани во Италија до 3 април. Одлуката е всушност привремена суспензија на сите спортски федерации.

Италијанскиот миистер за спорт, Винченцо Спадафора синоќа најави ваков развој на настаните откако во образложението го спомена и македонскиот репрезентативец Горан Пандев и неговото „пренагласено“ гушкање со соиграчите при прослава на голот на Џенова на мечот против Милан на „Сан Сиро“.

Сите натпревари од изминатото коло во Серија А се одиграа без присуство на публика, но сега мерката е уште позасилена, да бидат прекинати спортските активности во цела Италија. Само во последните 24 часа од коронавирусот во Италија починале 97 луѓе.

 

Се вчитува...