Сериозни обвинувања од Пипен: Фил Џексон беше расист!

Шампионската генерација на Чикаго Булс навидум делуваше како победничка машинерија, но односите внатре во тимот дефинитивно биле далеку од нормалните. Документарецот „Последниот танц“ обелодени дел од деталите за нарушените односи во екипата, но Скоти Пипен сега ја мина секоја граница на нормалата, обвинувајќи го трофејниот стратег Фил Џексон за расизам.

Пипен не може да ја преболи ситуацијата од плејофот од пред 27 години, кога Џексон инсистираше последниот шут наместо кај него да заврши во рацете на Тони Кукоч.

„Мислам дека тоа не е мистерија, треба само да знаете да читате меѓу редови. Тоа ни беше прва сезона без Мајкл Џордан, зошто јас да не го земам тој последен шут, откако минав буквално се со овој тим. Некој ќе каже дека Фил Џексон му даде шанса на Кукоч да порасне, но за мене тоа беше расистички потег, да не ми се даде топката на мене. Беше низок удар од тренерот. По се што се случи, ми велите да му ја додадам топката на Кукоч, па тоа беше таква навреда“, истакна Пипен.

Се вчитува...