Сержо Јуниор донесе бод за Работнички од Струмица во 94. минута, „немилосрдна“ Шкендија!

Шкендија продолжува со победничкиот чекор во домашниот шампионат откако во 16. коло од ПМФЛ славеше убедливо пред своите навивачи со 4-0 против екипата на Скопје.

Хет-трик запиша капитенот Ферхан Хасани издвојувајќи се како најзаслужниот за триумфот на својата екипа. Хасани погоди уште во 11. минута, потоа од пенал во 38. минута и третиот гол го запиша во 60. минута од средбата. Егзон Бејтулаи беше стрелец на третиот гол во 53. минута.

Во главно рамноправен натпревар во Струмица, Академија Пандев и Работнички ремизираа 1-1 во драматична завршница. Домашните поведоа благодарение на голот на Зоран Балдовалиев во 51. минута по една брза акција на домашните и одлично проигрување од Ѓорѓи Марков.

Akademija Pandev - Rabotnicki 5

Но, откако се чинеше дека Академија Пандев ќе триумфира, во четвртата минута од судиското продолжение Бразилецот Сержо Јуниор постигна евро-гол по проигрувањето од Кире Маркоски за конечни 1-1.

Силекс, пак, брзо заборави на претходниот пораз од Шкендија во Кратово, и сега на гостувањето против Победа во Прилеп сосема заслужено дојде до триумф од 0-2. Стрелци на головите за составот на Жикица Тасевски беа Филип Тимов во 20. минута и Милош Ѓорѓевиќ во 65. минута.

Шкупи и нанесе уште еден убедлив пораз на Ренова, по оној претходниот од Вардар. Сега чаирчани славеа со 4-1 благодарение на головите на Стојкоски, Јашароски во два наврати и Адем.

РЕЗУЛТАТИ… ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (4-1)

Стојкоски 13′, Јашароски 20′, 59′, Адем 71′ – Јусуфи 30′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (4-0)
Хасани 11′, 38′(п), 60′, Бејтулаи 53′

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Балдовалиев 51′ – Сержо Јуниор 90’+4

Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС (0-2)

Тимов 20′, Ѓорѓевиќ 65′

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (18 ч.)

ТАБЕЛА: Шкендија 40 бодаВардар(-3) 26, Академија Пандев 25, Силекс 25, Работнички(-1) 20, Шкупи(-1) 18, Ренова 17, Пелистер(-1) 15, Победа 15, Скопје(-1) 9 бода.

Се вчитува...