Сесар: Дојдовме да одиграме чесно, секоја чест на навивачите за атмосферата во Скопје

Шефот на стручниот штаб на Цибона, Јосип Сесар, порача дека неговиот тим одиграл чесно на гостувањето против МЗТ Скопје, но катастрофалната трета четвртина се покажа клучна за хрватскиот кошаркарски гигант да претрпи убедлив пораз во СЦ „Јане Сандански“.

„Ние дојдовме овде да одиграме чесно и мислам дека го покажавме тоа на теренот. Бевме одлични во првото полувреме, пред се во втората четвртина, на паузата ги предупредив кошаркарите што ќе се случи во вториот дел, да очекуваат притисок од МЗТ. За жал, не одговоривме на вистински начин и тоа придонесе да го загубиме натпреварот. Кога ќе се добијат две четвртини, една ќе се заврши нерешено, а на крајот ќе се загуби натпреварот убедливо, јасно е дека целосно сте потфрлиле во таа преостаната една четвртина“, изјави Сесар.

Скромниот стратег, кој вчера беше официјално именуван и во нов селектор на Хрватска, имаше само пофални зборови за навивачите на МЗТ Скопје и атмосферата во салата.

„Морам да ја пофалам атмосферата, мечот беше многу значаен за домаќините, а се слушаше исклучиво спортско навивање, без ниту една единствена навреда кон мене или моите кошаркари. Секоја чест за тоа, беше уживање како гостински тренер да се биде дел од една ваква атмосфера“, истакна Јосип Сесар.

Се вчитува...