Сестрата на Мегваер прободена во тепачката на Миконос

Големиот инцидент на грчкиот остров Миконос поради кој Хари Мегваер заврши зад решетки бил предизвикан откако група на луѓе ги нападнале асот на Манчестер Јунајтед, неговите пријатели, а најлошо од сите минала сестрата на Мегваер.

Британските медиуми јавуваат дека Дејзи Мегваер морала да биде примена во болница откако била прободена во масовната тепачка во која учествувал нејзиниот брат. Таа имала исеченица во пределот на раката, а по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.

Англискиот репрезентативец при појавувањето пред грчкиот суд се изјасни како невин за судскиот случај против него, откако во обвинението беше наведено дека тој имал вербален конфликт, а потоа и удрил еден од полицајците што се обидувале да ги смират страстите. Тој во текот на утрешниот ден со приватен авион ќе се врати назад во Англија, а се најавува дека тој пред заминувањето на аеродром ќе се појаво во полициската станиа за лично да им се извини на службените лица за инцидентот.

Се вчитува...