Сестрата на Роналдо пак „плука“: Ова е свет на корупција

Лука Модриќ со добиената „Златна топка“ ја комплетираше колекцијата од сите врвни индивидуални награди за 2018 година во фудбалскиот свет, а најпогоден од доминацијата на Хрватот е неговиот довчерашен соиграч, Кристијано Роналдо. Португалецот своето незадоволство го искажува со непојавување на доделувањето на наградите што ги добива Модриќ, но затоа за изјави и критики е задолжена неговата сестра Елма Авеиро, која продолжи во свој стил и по синоќешната церемонија за „Златната топка“.

„За жал, ова е свет кој живее од корупција, мафија и парите од ку..ини синови. Божјата моќ е поголема од сето тоа. Бог доцни, но секогаш на крајот ги исправа работите“ – порача Авеиро.

Се вчитува...