Сестрата на Роналдо збесна: Португалскиот народ не заслужува ништо најдобро

Кристијано Роналдо предизвика бура во португалската јавност со одлуката да го напушти националниот тим откако селекторот Жезус на прес-конференција најави дека големиот ас втор меч по ред ќе мора да седи на клупата за резерви.

Огромен дел од јавноста веднаш му даде поддршка на селекторот, по што следеше неочекуван потег на Кристијано – пакување и напуштање на репрезентативната база.

По тој гест тргна лавина од критики кон најдобриот фудбалер на оваа земја, а во негова одбрана очеекувано се јави – сестрата на Роналдо, Елма Авеиро, која упати жесток напад, и тоа кон целокупниот португалски народ.

„ЦР7 заслужува поголема почит. Репрезентацијата заслужува поголема структура. Португалското новинарство заслужува поголема компетентност и помалку шпекулации. А за португалскиот народ… па, тие не заслужуваат ништо најдобро во било што. Ние сме љубоморни, полни со презир и неукост и заслужуваме да се вратиме во медиокритетот во кој секогаш се наоѓавме пред ерата на ЦР7. Ти благодарам за се, заслужи повеќе“, напиша Авеиро, предизвикувајќи дополнителна бура од коментари.

Се вчитува...