Сет за загревање, па доминација: Ѓоковиќ со победа започна да го брани тронот на Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ успешно започна да ја брани титулата на Вимблдон! Српскиот тенисер во првото коло го победи Британецот Џек Дрејпер со 4-6, 6-1, 6-2, 6-2. Првиот рекет во светот го победи 253-от играч за два часа.

Младиот Дрејпер успеа да го иненади Новак на почетокот од мечот, откако успеа да победи со 1-0 во сетови. Имено, интересен податок беше тоа што Србинот го загуби првиот сет во првото коло во Лондон за првпат од 2010 година.

Сепак, работите брзо дојдоа на свое место, Ѓоковиќ не дозволи никакво изнендување, па на „брза рака“ го реши Џек со вкупен резултат од 3-1.

 

 

 

Се вчитува...