Сетиен: Барселона ќе биде прогласена за шампион? Не сакаме титула на зелена маса

Шпанската Ла Лига е прекината по 27 одиграни кола поради коронавирусот. Барселона во моментов има два предност во однос на Реал Мадрид. Никој не знае дали првенството воопшто ќе продолжи, а една од идеите е целосен прекин на сезоната и прогласување на Барселона за нов шампион.

Сепак, тренерот на Барселона, Кике Сетиен вели дека не сака такво сценарио затоа што титулата сака да ја освојат на терен, а не на зелена маса.

„Јасно е дека ние не сакаме такво сценарио. Сакаме титула на терен. Можно е да не прогласат за шампиони, но ние тоа не го сакаме. Не би се чувствувал како шампион, иако имаме два бода предност на врвот“ – вели Сетиен и дополнува:

„Ова е навистина тешка ситуација за сите, ненормална, спортот сега едноставно не е во прв план“.

Се вчитува...