Сетиен: Рома и Ливерпул се уште им се во мислите на моите фудбалери

Тренерот на Барселона Кике Сетиен вели дека чувствува дополнителна мотивација пред натпреварот со Наполи, бидејќи за него тоа ќе биде прв меч во Лигата на шампионите. Каталонците му гостуваат на Наполи во првиот дуел од осминафиналната фаза во елитното натпреварување.

„Тоа е прв натпревар за мене во Лигата на шампионите и нема сомнежи дека сум дополнително мотивиран. Реалност е дека на фудбалерите се уште им се во мислите Рома и Ливерпул, иако никој не зборува за тоа“, изјави Сетиен. 

Барселона минатите две сезони настапот во ЛШ го завршуваше со порази од Рома и Ливерпул, иако по првите натпревари имаше голема предност.

Се вчитува...