Сетиен: Убеден сум дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен е оптимист кога е во прашање продолжението од сезоната и успесите на неговиот тим.

Во Лигата на шампионите Барселона ремизираше (1-1) на гостувањето против Наполи во првиот осминафинален меч, а Сетиен верува дека не само што ќе се пласираат во четвртфиналето туку нивната цел е и освојување на најквалитетното европско клупско натпреварување.

„Убеден сум дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Мора да корегираме некои нешта, но без сомнеж сме убедени дека ќе дојдеме до трофејот во ЛШ. Убеден сум во тоа“ – вели Сетиен.

Првенството во Шпанија, пак, може да продолжи од 8. јуни. Во Барса се надеваат дека ќе дојдат до титулата во Ла Лига. Во моментов се со два бода предност во однос на Реал Мадрид.

Се вчитува...