„Северна Македонија на дресовите не беше наш избор“

Првиот оперативец на КФСМ, Влатко Георгиевски, одговори на критиките на адреса на федерацијата откако кошаркарската репрезентација на Македонија на последните квалификации во Перм настапи со дресови на кои пишуваше Северна Македонија.

Ова беше првпат една наша национална селекција да настапи со дресови на Северна Македонија, за што пристигнаа жестоки критики од јавноста.

„Би сакал да објаснам некои работи, на темата што беше многу актуелна во изминатиот месец и на која бевме критикувани, иако нема вина. Настапот со дресови Северна Македонија не беше наш избор. На претходните средби настапувавме со кратенката МКД, но бевме опоменати од ФИБА дека тоа веќе нема да се толерира. Европската куќа на кошарката инсистира на дресовите да стојат имињата на државите, поради што бевме немавме друг избор освен да настапуваме под Северна Македонија“, изјави Георгиевски.

Се вчитува...