Севилја – Бетис, дерби кое ќе го означи враќањето на Ла Лига?

Ла Лига доби дозвола за продолжување на сезоната на 8 јуни. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, најави дека најсилната фудбалска конкуренција во државата може да се врати. Сепак, конкретниот датум не е потврден. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, вели дека почетокот би можело да го означи градското дерби Севилја – Бетис на 11 јуни.

„Уште не знаеме кога ќе биде одигран првиот натпревар. Се зависи од тоа во која фаза од тренинзите се клубовите. Ќе се трудиме сите да имаат еднакви услови. Сигурно е дека ќе почнеме тој викенд. Би можело да има еден натпревар на 11. јуни со кој би го обележале овој тежок период и сите случувања. Би сакал тоа да биде дербито на Севилја, но треба да видиме и што мислат другите за тоа“ – вели Тебас.

Клубовите од Ла Лига од денеска тренираат во групи од по 14 играчи.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...