Севилја донесе одлука – отказ за Сампаоли

Поразот од Хетафе му пресуди на Жорге Сампаоли ќе добие отказ од кормилото на Севилја. Одлуката е веќе донесена, челниците на клубот сметаат дека Сампаоли добил доволно кредит и трпение, но не ја оправдал довербата, а останува само уште да се разрешат деталите околу отштетата за предвремениот раскин за отказот да биде официјализиран.

Сампаоли дојде на клупата на клубот од Андалузија во октомври минатата година, но не ја донесе посакуваната „шок-терапија“. Севилја загуби три од последните четири натпревари и падна на 14. место на табелата, а на Аргентинецот не му помогна ниту пласманот во четвртфиналето од Лигата на Европа, каде Севилја за противник го доби главниот фаворит за трофејот, англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Како што јавуваат шпанските медиуми, двајца кандидати се во игра за функцијата прв тренер на Севилја, првиот е Хозе Мендилибар, а вториот Хозе Бордаљас.

Се вчитува...