Севилја го назначи наследникот на Сампаоли

Шпанскиот прволигаш Севилја го назначи наследникот на Хорхе Сампаоли кој доби отказ по слабите резултати сезонава со тимот од Андалузија. Наследникт на аргентинскиот стратег на клупата на Севилја е Хозе Луис Мендилибар

Севилја со шпанскиот стратег потпиша договор до крајот на сезоната. По 26 одиграни кола Севилја се наоѓа на 14. место на табелата со само два бода над местата кои водат во втората лига.

Севиља игра и во Лига Европа каде за противник во четвртфиналето го доби Манчестер јунајтед.

 

Се вчитува...