Севилја го реши Атлетико Мадрид во дербито на рундата во Ла лига (ВИДЕО)

Севилја стигна до победа од 2-1 над Атлетико Мадрид во дерби натпреварот од 18. коло во шпанската Ла лига. Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со прекрасниот погодок на Иван Ракитиќ во 7. минута.

До крајот на првиот дел гостите израмнија со голот на Фелипе во 33. минута. И кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши без победник, Лукас Окампос во 88. минута постигна гол вреден три бода за тимот од Андалузија.

 

 

 

 

Се вчитува...