Севилја и со играч помалку до триумф над Еспањол

Севилја освои значајни три бода во Ла Лига откако по тешка битка славеше над Еспањол со 2-0. Домаќините останаа со фудбалер помалку во последните дваесетина минути при резултат 1-0, но дури и со десет играчи во поле успеаја да постигнат втор погодок и да ја запечатат победата.

Избраниците на Лопетеги подобро го стартуваа натпреварот и преку Ен Несири стигнаа до водство по само дванесет минути игра. Еспањол постигна гол преку Раул де Томас на средината од првото полувреме, но истиот беше поништен со ВАР поради офсајд.

Гостите не се откажаа, напаѓаа во обид да стигнат до израмнување, но печат на победата стави Рафа Мир, кој влезе на местото на Ен Несири и успеа да се запише меѓу стрелците за Севилја.

Се вчитува...