Севилја ја доби Алмерија и побегна од опасната зона во Ла лига

Фудбалерите на Севилја по три порази во низа конечно успеаја да триумфираат во домашниот шампионат откако славеа на домашен терен против Алмерија по пресврт со 2-1 во натпревар од 25. коло во Ла лига.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Акиеме уште во 2. минута од натпреварот. На 1-1 израмни Окампос од пенал во судиското надополнување во првиот дел. Конечните 1-2 беа дело на Ламела во 73. минута.

Се вчитува...