Севилја ќе го тужи Атлетико Мадрид за трансферот на Витоло

Шпанскиот прволигаш Севилја одлучи да го тужи Атлетико Мадрид за нелегално купување на фудбалерот Витоло во летниот преоден рок. Како што е познато, Атлетико Мадрид има забрана за трансфери, не смееше да купува нови фудбалери, но Витоло сам си ја плати отштетната клаузула вредна 37,5 милиони евра, а потоа замина во Лас Палмас, каде ќе игра во првиот дел од сезоната. Потоа треба да се реализира неговиот трансфер во Атлетико Мадрид.

Севилја тврди дека со 27-годишниот фудбалер, кој е и шпански репрезентативец, имала договорено услови за нова соработка и дека не може еднострано да се раскине договорот. Клупските адвокати покренале судска постапка за „случајот Витоло“.

Се вчитува...