Севилја на колена – Баерн не е Манчестер јунајтед

Севилја не успеа да ја повтори одличната игра од двомечот против Манчестер јунајтед, па со поразот на домашен терен од Баерн Минхен од 1-2 шпанскиот клуб се наоѓа на работ на елиминација од елитното европско натпреварување. Винченцо Монтела и неговите избраници имаат за што да жалат ако се знае дека беа подобар противник во првите триесетина минути.

Сарабија го промаши првиот зицер на натпреварот, но истиот фудбалер нешто подоцна го отвори резултатот, за еуфорија на „Санчез Пизхуан“. Веднаш потоа се повреди Видал и мораше да биде заменет во 36. минута, но Баерн веднаш потоа се врати, со среќниот автогол на Навас по обидот за центаршут на Рибери.

Овој момент го промени текот на натпреварот, исфрлувајќи ги од ритам домашните фудбалери, додека Баерн почна се повеќе и повеќе да ја контролира играта. Баварците имаа целосна доминација на средината од теренот, создадоа и неколку шанси, за на крајот да го комплетираат пресвртот преку Тијаго Алкантара, чиј обид закачи еден од домашните фудбалери и заврши во мрежата.

Се вчитува...